Косовската влада воведе нови царини од 100 отсто на производите од Србија и од Босна и Херцеговина, со цел зајакнување на домашното производство, економија и на косовската државност. Министерот за трговија Ендрит Шаља ги повика домашните производители да се фокусираат на квалитет, а од трговците побара да бараат нови пазари за соработка. Тој потсети дека косовските производители се соочуваат со многу бариери во Србија и оти нивните производи не се пласираат на српскиот пазар.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека ни овој пат мерките не се однесуваат на меѓународните брендови кои се произведуваат во Србија.

Вицепремиерот Енвер Хоџај, пак, на Твитер напиша дека со оваа одлука се штитат виталните интереси на Косово.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO