Статуата во Истанбул, која jа покажува првата балерина во Турција, беше оштетена во сексуално насилство, објавија локалните медиуми.

Според дневниот весник „Евренел“ статуата на турската балерина Мерич Шjумен која била изложена како дел од изложбата во истанбулскиот кварт Малтепе, била нападната од четворица неидентификувани мажи и две жени.

„Очигледно пијан маж ги соблекол панталоните и се обидел да jа силува статуата. Групата првично избегала, откако локален продавач реагирал, но потоа се вратиле, jа скршиле статуата и ја откорнале“, рекол еден сведок.

Инчи Шенел, претседател на Здружението за култура, уметност и наука „Бабил“, коj jа поседува статуата, изјави дека не може да поднесе кривична жалба, бидејќи во соседството нема безбедносни камери, кои го покажуваат нападот.

„Многу е тажно. Ова е местото каде зборовите немаат никаква функција. Моралните вредности се уништени“, рече таа.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO