Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва е притворен на барање на Специјалното јавно обвинителство поради опасност од бегствo.

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му ја одредил мерката притвор од 30 дена. Мијалков е обвинет во „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“, предмети на СЈО.

“Ниту негирам, ниту потврдувам, не сум во моментов на работа”, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на затворот Шутка Ѓоко Поповски.

Притворот на Мијалков е одобрен од судот неколку часа откако осудениот експремиер Никола Груевски се пофали на Фејсбук дека добил азил во Унгарија.

По бегството на Груевски, на 14 ноември беа притворени и поранешниот министер Миле Јанакиески и бившиот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, исто така, на барање на СЈО поради опасност од бегство.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO