Српскиот член на босанското тричлено Претседателство, Милорад Додик денеска ја повика Европската унија да ѝ додели на Босна и Херцеговина статус на земја кандидат за членство, истакнувајќи дека е време меѓународните судии и претставници на меѓународната заедница да ја напуштат земјата.

Босна и Херцеговина поднесе барање за прием во ЕУ во 2016 година.

Додик ќе инсистира на заминување на високите претставници на меѓународната заедница во БиХ и на меѓународните судии. Нивните надлежности во БиХ се регулиран со Дејтонскиот мировен договор, со кој беше ставен крај на граѓанската војна во земјата од 1992 до 1995 година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO