Бегството и криењето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија не е изненадување за познавачите на врските меѓу режимот на Груевски и Виктор Орбан, изјави репортерот на БГНЕС.

Само неколку месеци по соборувањето од власт на Груевски сите контролирани од Груевски медиуми паднаа во рацете на Унгарката Агнеш Адамик. За неколку недели најголемите портали – Курир, Лидер, Економски, Вистина, Нетпрес и Република минаа во рацете на „Адинамик Медија“ на Ангеш. Од трговскиот регистар во Скопје стана јасно дека таа е 100% сопственик на споменатите медиуми од оваа пролет. Поранешниот сопственик на Курир, Лидер, Економист и Вистина- „ЕМ-Медиа“ ја префрли сопственоста на Ангеш. Од Централниот регистар е јасно дека сите портали се на истата адреса – улицата „Мирче Оровчанец“ во главниот град на Македонија. Првото купување на „Адинамик Медиа“ беше во Април кога ја купија Република, зад која беше познатиот руски олигарх Самсоненко. Самата Агнеш Адамик одбива да коментира за овие договори.

Во македонскиот медиумски бизнис влезе и друг Унгарец – Петар Шац, кој заедно со Адамик од минатата година има контрола над телевизијата „Алфа“ преку неговата компанија „Таргет Медија“. Интересен факт е дека Шац и Адамик се поранешни вработени на унгарската државна новинска агенција МТВА која служи на режимот на Виктор Орбан. Тие се назначени во агенцијата веднаш по доаѓањето на Орбан на власт и многу брзо напредуваат на раководното скалило. Шац учествува во неколку медиумски компании во Будимпешта. Меѓу нив е и „Рипост Медија“, која го издава најтиражниот таблоид каде добива над 2 милиони евра секоја година од јавни набавки и реклами. Веднаш по купувањето на телевизија „Алфа“ во Скопје се појави порталот ripostmk.com – без информации и податоци за сопственикот.

На почетокот на месец мај оваа година стана јасно дека „Адинамик Медија“ доби и друг близок до Груевски портал – Нетпрес. Овој портал беше во сопственост на компанијата „Финзи“ на Коста Крпач. При прилично сомнителни околности Крпач беше пронајден мртов во 2016 година Според официјалната информација тој извршил самоубиство. Крпач беше под истрага од специјалното обвинителство на Катица Јанева за случајот „Трезор“ за купување на техника за прислушување од Израел за македонското Министерство за внатрешни работи. Сите горенаведени медиуми жестоко го бранат делото и политичката активност на Груевски. Тие даваат трибуна на лица кои се против Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, на Договорот од Преспа, на уставните измени, вклучувајќи и на лица кои се изјаснуваат против евроатлантската интеграција на Република Македонија.

Токму во овие медиуми се појавуваат пораки против Бугарија, кои потсетуваат на времето на поранешна Југославија. Во овие портали често има „сеќавања“ и за „величината“ на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито. Пред неколку месеци Балканска информативно истражувачка мрежа БИРН откри дека сите трансакции за купување на медиумите поминале преку адвокатската канцелариjа „Чукиќ и Марков““. Истото друштво исполнува големи зделки за време на владеењето на Груевски.

Нивни клиенти се Стопанска банка, Македонски телеком , EVN, безбедносната компанија СГС, офшорката од Лугано Ексико, Националната лотарија. Преку нив поминува и купо-продажбата на парцели на централниот простор во Скопје од страна на државата на грчкиот бизнисмен Кондоминас кој многу брзо ги префрли на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Виктор Орбан е единствениот странски политичар кој дојде лично во Македонија, за да се сретне со Груевски, откако тој минатата година остана без пасош. Орбан слета со својот приватен авион во Охрид и разговараше неколку часа со Груевски во пресрет на локалните избори кои ВМРО-ДПМНЕ ги загуби катастрофално. Според различни публукации токму тогаш Орбан ветил азил и заштита на Груевски.

Властите во Будимпешта беа активни во Скопје и за време на големата бегалска криза во 2015-2016 година. Унгарија потоа донираше опрема и бодликава жица на границата со Грција. Самиот Орбан во приватни разговори со различни политичари го вика Груевски „нашето момче“. Орбан поддржува и има многу пријателски односи и со претседателите на Србија и на Црна Гора – Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO