Медицинските сестри и другиот медицински персонал ќе добијат зголемување на платата од пет отсто уште во јануари наместо како што беше предвидено со предлог буџетот за следната година тоа да се случи во септември, информира денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев на која заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски го претставија предлог буџетот за следната година. Премиерот рече дека барањата на медициснксите сестри биле оправдани, но причина била и стравувањето дека ќе има дополнителен одлив на овој кадар од земјава.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO