Развојот на скандалот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски се претвори во тежок удар против Бугарија. Бугарската држава не претрпела таков удар во последните 30 години. Тос станува јасно од веста за барањео на азил на Груевски во Будимпешта.

Унгарското издание се обратило кон соодветниот службеник, кој е одговорен за барањето за добивање на азил на Никола Груевски во Унгарија и одговорот бил краток: На ова прашање обратете се кај бугарските власти. Ова сугерира дека е веројатно или можно дека Груевски користел бугарски пасош за да стигне до Будимпешта. Ова го изјави новинарот Љубчо Нешков на Бугарската национална телевизија. „Никола Груевски е продукт, лидер на туѓ проект и како таков ја напушта Македонија. Во текот на 10 години Груевски го рушеше историско минато во Македонија, започна да ја руши економијата на земјата преку тоталната корупција, ги рушеше државните институции, за да не стане Македонија вистински независна држава . Тој тотално ја блокира евроинтеграцијата на земјата со цел Македонија да биде потчинета. Не случајно тој минува низ Белград. Тој поминува низ Србија во соработка и помошта на луѓето кои го направија погромот на 27 април во Македонија „, дополни Нешков.

Сите медиуми кои ја критикуваат Бугарија се во сопственост на Виктор Орбан. Овие медиуми се познати со тешка пропаганда против Бугарија, против договорот што го потпишаа минатата година двајцата премиери, против договорот од Преспа и против евроинтеграцијата на земјата, категоричен е новинарот, сопственик на БГНЕС.

Како ние го сакаме Орбан како режим и управување и пропуштаме да го спомнеме тоа што се случува во Македонија од медиумската индустрија на Виктор Орбан. Тука не станува збор за редакторска политика, а за геополитички проект, целосно финансиран против нашата земја.

Груевски не е првиот човек кој управува со бугарски пасош. Минатата година избегаа двајца од најважните службеници во македонските служби со бугарски пасоши. Тие беа уапсени во Солун, рече Нешков.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски најверојатно користел бугарски пасош за да избега од земјата. Ова го пишува унгарското издание „Непшава“ по повод бегството на Груевски во Будимпешта и поднесување на барање од негова страна за добивање на азил. „Проверете кај бугарските власти“. Ова е краткиот одговор пред новинар од „Непшава“ на претставник на унгарската влада, кој одговара за правните прашања поврзани со барањето на Груевски за добивање на азил во Будимпешта. Новинарот го прашал највисокиот државен службеник следново: „Како поранешниот македонски премиер пристигнал до центарот на Будимпешта без документи, откако тие му се одземени?“. Груевски од летото на 2017 година е без пасош и има забрана за напуштање на Република Македонија. Повеќето го унгарски медиуми определуваат случајот како „тежок скандал“ поради односот на властите кон Груевски. Публикацијата во „Непшава“ е насловена „ВИП третман од страна на Владата кон Груевски“. Објавувањето го нарекува поранешниот македонски лидер „Македонскиот Орбан“. Во публикацијата се потсетува на коруптивните практики на Груевски и неговите антизападни политики.

Целото интервjу со Љубчо Нешков за БНТ може да го погледнете тука.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO