Унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата на некои регионални медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, една ноќ минал во оваа Амбасада по што од Меѓународниот аеродром во Тирана заминал за Будимпешта. За тиранската телевизија Топ чанел, од Амбасадата кусо одговориле дека „не ги коментираат процесите кои се во тек“, поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта.

Албанската полиција на граничните премини „Ќафасан“ на албанско-македонската граница кај Струга и аеродромот во Тирана врши верификација на тврдењата дека Груевски во Унгарија заминал преку Албанија. Полициски извори потврдуваат дека се контролираат списоците на лица кои влегле или излегле од албанска територија, а ќе се проверуваат и безбедносните камери од двата гранични премини.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO