Неколкумина британски министри поднесоа оставки во знак на протест против нацрт-договорот за Брегзит постигнат меѓу Лондон и ЕУ по неколкумесечните преговори. Преговарачот на ЕУ Мишел Барние и британската премиерка Тереза Меј синоќа соопштија дека го договориле за нацрт-договорот за излегување на Велика Британија од Унијата кој има 585 страници.

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, го закажа Самитот на лидерите на ЕУ за Брегзит за 25 ноември. На Самитот треба да се даде поддршка за договорот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO