Никола Груевски сигурно не сакал бугарско државјанство, иако најинтересен момент е дека неговиот татко е бугарски државјанин. Ова го изјави министерот за одбрана и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.

„Груевски не барал бугарско државјанство. Факт е она што велат во медиумите, се претпоставува – не се претпоставува. Можам да ви дадам информации од мои доверливи извори во Скопје, дека Груевски ја поминал копнената граница на Македонија со Србија и целото негово преминување преку Србија до Унгарија, каде што ја поминал српско-унгарската граница, е во соработка со српските власти. Во крајна сметка, осум години одржуваше просрпска политика, антибугарска политика, политика на спротивставување кон ЕУ и НАТО, па е сосема логично. Тие го прибраа својот човек и му обезбедија коридор да се извлече од правдата“, додаде Каракачанов.

„Конфликтот во семејството е на оваа основа – таткото е Бугарин, синот Груевски – антички Македонец. Тоа е расцеп на личноста во дел од луѓето во македонската политичка елита, кои не сакаат да си ја прочитаат историјата и бараат да напишат нешто големо и херојски, почнувајќи од Александар Македонски и барајќи некаков античка легитимитет во својата историја. Целата историја на Македонија е бугарска. Татко му е бугарски државјанин, Груевски не е“, рече министерот.

Потсетуваме дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски беше осуден во земјава на 2 години затвор за злоупотреба на службената положба. Станува збор дека за време на последниот мандат тој купил службен автомобил за над 600 илјади евра.вра.

Против Груевски постојат и други обвиненија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO