Слика на Рене Магрит беше продадена на аукција во Сотби’с Њујорк за 26,8 милиони долари, што е рекордна цена за дело на белгискиот надреалист.

Сликата која е со името Le principe du plaisir “ ја надмина по цена досегашниот рекордер на Магрит -“ La corde sensible „, која беше продадена во 2017 година за 17,9 милиони долари во Лондон.

Од Сотби’с првично ја проценија сликата помеѓу 15 и 20 милиони долари. Во наддавањето учествувале седум колекционери што е невообичаено голем број за дело на Магрит.

И другите слики, предложени за продажба во втората вечер на есенската аукција ги надмина првичните проценки на нивните цени.

За слика на рускиот сликар Василиј Кандински чеканот одбележа цена од 23,42 милиони долари при прогноза од 15-20 милиони.

Во исто време една слика, за која се претпоставуваше дека ќе биде една од главните атракции на аукцијата, не успеа да привлече купувач. Тоа беше „Pre-War Pageant“ на Марсдн Хартли, сметана за една од првите целосно апстрактни дела во историјата на американската уметност.

Творбата се проценува на 30 милиони долари, што е речиси пет пати повеќе од рекордот за овој американски уметник.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO