Британската премиерка Тереза Меј изјави синоќа дека разговорите за Брегзитот се во завршна фаза.

„Работиме исклучително многу за да напредуваме околу преостантите проблеми кои се важни“, изјави таа на годишниот банкет во лондонскиот финансиски центар „Сити“.

Британија и ЕУ имаат тешкотии да се согласат за тоа како да ја сочуваат невидливата граница меѓу британската провинција Северна Ирска и Република Ирска која е членка на ЕУ. Времето истекува, бидејќи ЕУ и Британија треба да ја ратификуваат спогодбата во своите парламенти до датумот на финалното заминување на Британија на 29 март идната година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO