„Ако Србија сака да ги предаде Прешево, Медвеѓа и Бујановац, ние ќе ги земеме со најголемо задоволство, но не преку размена на територија“, кажал претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели според „Клан Косова“.

Весели изрази надеж за постигнување на договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Ние сме подготвени, но нашата позиција е јасна, обединето Косово, нераспределено, на неговата територија без Заедницата на српските општини да има извршни овластувања, онака како го напишал Уставниот суд“, рече Весели.

Тој посочи дека Косово е подготвено да ги прекине сите конфликти со Србија и да најде траен мир. „Косово меѓутоа е уште поподготвено да стане членка на ОН како независна и суверена држава“, рече Весели.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO