Николаj Василев
Николаj Василев

Објективизирањето на историјата е неизбежен процес во ерата на интернет. Додека се прават неотстапливи обиди да се сокриваат важни елементи од историјата, и да се избегнат очигледни заклучоци, идентитетот на Македонците ќе биде загрозен. Тој може да биде консолидиран, само ако се објасни на разбирлив и достоинствен начин како потомци на Бугарите од пред сто години го изградиле својот денешен идентитет! Фантазијата дека и тогаш постоел некаков темелен македонски супстрат и дека бугарштината била површинска и внесена од надвор се збунувачки и навредливи.

Пред неколку дена на емисијата ʺТоп темаʺ на телевизија Телма се одржа чудна дебата. Главниот уредник на Фокус, Зоран Димитровски-Жоро и политичкиот аналитичар Александар Пандов некако постигнаа согласност дека дел од историјата на Македонија и Бугарија е заедничка. Сепак, г-динот Пандов се спротивстави на промената на историските учебници. Чудна позиција. Ако дел од историјата на Бугарија и Македонија е заедничка, а тоа не се учи во училиште, зошто учебниците да не се менуваат? Според Пандов, промената ќе го избрише македонскиот идентитет. Чуден заклучок. Не разбира ли предметниот аналитичар, дека најголемата закана за идентитетот еако во училиште се изучуваат невистини и со текот на времето се повеќе луѓе почнат да се посомневаат во наученото!

Пандов изрази сомнеж дека учебниците во Бугарија немало да се променат. Ако во нив нема промена, тоа ќе биде проблем за Бугарија, а не за Македонија! И сепак, ако заедничката историска комисија направи пробив, има надеж, дека учебниците ќе бидат објективизирани и во двете земји.

Опонентот на Пандов, Димитровски – Жоро потсети дека војводите на ВМРО се изјаснувале како Бугари.

Но внушувањто, кое што тој го направи, беше исто така невистинито и подведувачко.

Според него, во Бугарија веќе бил формиран национален идентитет. Во Македонија, таков уште немало и војводите се повикувале на бугарскиот идентитет.

Не можам да си замислам пожестока навреда, од тоа да ги набедиш војводите и комитите дека прифаќале туѓ идентитет? Тоа би ги поставило едвај ли на множеството гркомани од претходната епоха, какви што имало на територијата на Бугарија и на Македонија. Само што гркоманите сознателно прифаќале туѓа култура, изучувале туѓ јазик и се срамеле од своите соплеменици кои биле прости! Истото важи и за србоманите кои што се поjавиле подоцна и биле организирани од српски агенции како Сава Сава.

Војводите не се повикувале на туѓ идентитет. Тие го прифаќаат идентитетот на нивните предци – преродбениците. Две поколенија пред да се појават комитите по целата територија на Бугарија и Македонија се води тешка борба за откривање на бугарски цркви и училишта.

Бугарскиот национален идентитет, се разбира, му претходи на создавањето на бугарската држава, па дури и на Бугарската егзархија. Тој е продукт на сенародното усилие за трансформација на „небулозниот“ поим на Бугари во модерен национален идентитет. Но, тој секако стапнува на определени етнички маркери. Пред сè на возобновениот спомен од средновековната бугарска држава и на видливото суштествување на посебен словенски јазик, без падежи, но со членување, определуван од оние кои го говораткако бугарски. Пред кодифицирањето на бугарскиот литературен јазик, говорите во Охрид се толку бугарски колку оние кои се говореле во Тулча (денес во Романија). Кога кон крајот на 19 век. родениот во Тулча бугарски политичар Димитар Петков се жени за родената во Битола Екатерина Ризова, на никој од нив не му поминувало низ умот дека се од различен етнос, да не зборуваме за различна нација!

Македонците учествуваат во изградбата на современа Бугарија и нивниот придонес треба да биде признат.

За жал премиерот Зоран Заев исто така се обиде да го омаловажи овој многу важен дел од нашата заедничка историја.

ʺНа денешен ден пред точно 100 години, во единаесеттиот час, на единаесеттиот ден од единаесеттиот месец, во 1918 година, беше ставен крај на Првата светска војна“- напиша тој на својата Фејсбук страница.

„Европа и светот се сеќаваат на овој настан бидејќи војната трауматизираше и остави длабоки лузни на сите луѓе. Војната откорна стотици илјади семејства од нивните домови, а речиси 10 милиони војници загинаа на фронтовите“. Той припомни, че “Желбата на граѓаните на Македонија да живеат во мир, просперитет и добри односи со соседите и целиот регион е движечката сила зад стремежот на земјата да биде членка на Европската Унија, и да го даде својот придонес во градењето на обединета Европа, која живее во мир“.

Прекрасен призив за помирување!

Од огромно значење е да не ги повторуваме грешките и катастрофите од минатото. Но нема како  да постигнеме помирување, ниту да го најдеме патот кон слобода, разбирање и соработка, ако се обидуваме да заборавиме за минатото. Кога зборува за Првата светска воjна, премиерот Заев можеше да поднесе свежо цвеќе пред гробовите на загинатите од 11 Македонска доброволна дивизија, да ги изброи имињата на високите офицери родени и одраснати во Македонија, кои учествувале во оваа војна, меѓу кои генералите Климент Бојаџиев, Крстју Златарев, Дионис Писинов, Александар Протогеров, Владимир Кецкаров, Климент Джеров, Константин Жостов, Коста Николов, Константин Венедиков, Григор Ќуркчиев, Антон Ковачев, Иван Стојков, Кирил Јанчулев, Владимир Руменов, Васил Силјановски, Александар Попдимитров, Јордан Венедиков, Александар Танев, легендарниот полковник Борис Дрангов, многу од ветераните од Илинденското востание.Без нив историјата на Македонија за време на Првата светска војна е незамислива.И потоа е нормално да се стави свежо цвеќе пред гробовите на нивните тогашни противници од армиите на Србија, Грција, Франција, Велика Британија, Русија.

Историјата не треба да ги дели потомците на бивши врагови, ниту на бивши сонародници. Прифаќањето на историјата таква каква што била е важен предуслов за преживување на катарзис. Без него ниту мирот ниту соработката се возможни.

––––––––––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO