Премиерот Зоран Заев денеска рече дека одржувањето предвремени парламентарни избори е погубно за економијата, ја отежнува работата на бизнисот, го прави непредвидлив и го оневозможува неговото планирање. Крупните политички чекори, потенцира премиерот, мора да се направат ако сакаме раст и развој на државата.

„Да не се оди на избори, туку да се даде шанса на економијата. Знаеме како предвремените парламентарни избори влијаат врз бизнисот особено ако се одржуваат паралелно со други избори како што ќе бидат догодина претседателските. Предвремените парламентарни избори ја умртвуваат економијата за четири до шест месеци. Парламентарните избори да бидат редовни за да му се овозможи на бизнисот да прави планови и предвидливи чекори“, истакна Заев на денешната втора буџетска конференција во Стопанската комора на Македонија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO