Најбогат македонски граѓанин Орце Камчев е притворен минатата вечер од страна на специјалното јавно обвинителство.

На Камчев му е изречена мерката „притвор од 30 дена“ поради организирањето на „криминална група со цел измама, перење пари и злоупотреба на службената положба“. Освен Камчев во притвор еден месец одат и неговите најблиски соработници – Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски, Цветан Панделески и Зорица Арсовски. Околу 2,30 часот по полноќ, Камчев беше однесен во Шутка.

ТАТКОВИНА потсетува дека вчера утрото службеници специјалното јавно обвинителство влегле во седиштето на Орка холдинг, во сопственост на Орце Камчев. Претставници на Дирекцијата за борба против организиран криминал и корупција во Министерството за внатрешни работи исто така учествувале во акцијата.

На 13-ти април оваа година од македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека е упатено барање од Софија Камчев да биде назначен за почесен конзул на Бугарија, но до овој момент нема одобрение од страна на Владата во Скопје.

Камчев е сопственик и акционер во многу компании. До февруари 2017 година тој беше еден од сопствениците на „МПМ“ – банкротираната медиумска компанија која се истражува од Специјалното обвинителство како најголем донатор на предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година со 252 843 евра.

Во 2016 година, Форбс го определи 46-годишниот Орце Камчев за најбогатиот македонски граѓанин.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO