Од вчера попладне, никој не знае каде е поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Неговиот мобилен телефон е исклучен, а неговата сопруга, Боркица, вели дека не е во неговиот дом во Скопје.

Минатата ноќ, десетици македонски новинари чекаа пред затворот Шутка во Скопје да го снимаат влегувањето во затвор на Груевски. Ноќта курир на судот во три наврати го посети донот на Груевски за да му го врачи упатот за затвор, но не го најде во неговиот стан.Откако вчера, апелативниот суд ја отфрли конечната жалба на неговата одбрана, Груевски треба да почне да ја издржува казната. Сé уште не е јасно дали неговото обезбедување од Министерството за внатрешни работи е сé уште со него. Како поранешен висок државен службеник, тој има право на таква заштита 24 часа на ден. Неговиот последен јавен настан е од пред две недели. Груевски повеќе не пишува во својот профил на социјалната мрежа. Минатата ноќ имаше вонреден состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер беше 14 години. Според партијата, „Груевски е жртва на политички прогон“.

Груевски доби двегодишна извршна пресуда за случајот „Тенк“ за купување на Мерцедес-Бенц за над 650.000 евра додека бил премиер. Во случајот „Тенк“, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, беше осудена на шест години затвор.

Ако не го најдат судските службеници, Груевски ќе го добие упатот за издржување на казната во понеделник кога треба да се појави пред судот за друг случај против него.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO