Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Елисејската палата за средба со францускиот колега Емануел Макрон, соопштува Ројтерс. Трамп е во Франција овој викенд за прославата на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

Разговорите во Париз меѓу двајцата лидери се одржуваат само неколку часа откако државниот глава на САД го опиша како „бескрајно навредлив“ предлогот на Макрон на почетокот на неделава Европа да создаде сопствена армија, за да се заштити од потенцијални непријатели вклучително Вашингтон и Москва.

Трамп беше пречекан на централниот влез на претседателската резиденција во францускиот главен град лично од Макрон. Впечаток сепак направи фактот дека ракување и поздравите меѓу двајцата лидери беа доста повоздржани во споредба со претходната средба.

Непосредно пред пристигнувањето на Трамп во Елисејската палата Макрон изјави дека Европа треба да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана и беше категоричен дека го споделува мислењето на американскиот колега дека треба „поголемо споделување на товарот“, имено Европа да превземе поголем дел од финансирањето на НАТО.

Од канцеларијата на Макрон беа категорични дека гневот на Трамп се должи на неправилно толкување на зборовите на францускиот претседател. Според секретарот за печат на Елисејската палата, Макрон никогаш не рекол дека на „Европа й треба армија против САДʺ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO