Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети дека во идната година, кога му истекува мандатот, ќе бидат отворени 10 илјади работни места во јавниот сектор и враќање на парите на илјадници јавни службеници оштетени со мерките за штедење. Тој во интервју за телевизијата Алфа рече дека тоа ќе биде можно поради договорот со Грчката црква на свештениците да им се одземе статусот на јавни службеници.

Парламентот претходно усвои закон за враќање на околу 820 милиони евра одземени со намалување на платите на 280 илјади војници, полицајци, лекари, судии и професори. Грција во август излезе од програмата за помош, а догодина ја очекуваат парламентарни избори.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO