Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и неговиот заменик Енвер Хоџај најавија можност за прекин на дијалогот со Србија, доколку Советот на министри на Европската унија во текот на декември не го постави на дневен ред прашањето на визна либерализација за граѓаните на Косово, јави МИА од Приштина.

Тие го сметаат за оправдано поврзувањето на овие два процеси, доколку ЕУ не го одржи даденото ветување за визите, пишува „Епока е Ре“.

Според Харадинај и Хоџај, неправедно е врз Косово да се врши притисок за дијалогот, а истовремено на неговите граѓани да им се негира слободата на движење во Европа. Вицепремиерот Хоџај изјави и дека, доколку не ги укине визите за Косово, ЕУ ќе покаже дека е исламофобична и албанофобична.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO