Австриските власти испрашуваат неодамна пензиониран воен офицер под сомнение дека скоро 20 години бил руски шпион, соопшти денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц. Министерката за надворешни работи Карин Кнајсл го повика рускиот амбасадор во врска со темата и го откажа претстојното патување во Русија закажано за 2 и 3 декември.

„Руското шпионирање во Европа е неприфатливо и ќе биде осудено“, рече Курц на денешната прес-конференција во Виена.

Како одговор, руското МНР денеска го повика австрискиот амбасадор да ги објасни обвинувањата, објавија руските новински агенции.

Австрискиот министер за одбрана Марио Кунасек рече дека случајот излегол на виделина „пред неколку недели“, како резултат на информациите од друга европска разузнавачка агенција. Курц рече дека Австрија засега нема да го повлече својот амбасадор од Москва или да протерува руски дипломати.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO