Расправата по овој нацрт амандман ќе продолжи денес. Вчера опозицијата обвини дека со овој амандман и измените што се прават во Преамбулата се бришат деветте одлуки на АСНОМ, од кои, како што рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, четири имаат државотворно значење. Заменувањето на одлуките со Прогласот, рече не смее да се прави, бидејќи Прогласот е само известување до граѓаните за донесените одлуки.

На ова реплицираше заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски нарекувајќи го апсолутно невистина и груба измама на граѓаните на Република Македонија.

Вметнувањето на Рамковниот договор, според пратениците од опозицијата, е дополнително проблематично и тоа отвора можности за федерализација и бинационална држава.

Со ставањето на Рамковниот договор во Преамбулата, се отвора можност да се прогласи албанскиот јазик за службен на целата територија на државата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO