Пратениците во македонскиот парламент не му го одзедоа пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, бидејќи во поддршка на предлогот не гласаа потребните две третини од пратениците.

Од присутни во салата 87 пратеници 58 гласаа „за“, а 28 беа „против“ барањето за одземање на имунитетот на Груевски, поднесен од парламентарната комисија.

Пред тоа до претседателот на парламентарната комисија Павле Богоевски беше испратено известување за пресудата од две години на Груевски за случајот „Тенк“ за купување на службениот автомобил „Мерцедес“ додека беше премиер.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO