Претседателот на ЕПП, Жозеф Дол имал по завршувањето на Конгресот на ЕПП средба со поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, поранешниот министер Никола Тодоров и исклучената пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова.

По средбата Дол на својот Фејсбук профил објави фотографија и напиша дека ги поканил за да разговараат за загрижувачката ситуација во партијата која е членка на ЕПП по, како што вели, санкциите преземени против оние кои кои гласале за пристапување кон уставни измени што се неопходни за спроведување на Преспанскиот договор за промена на името.

„Сите закани мора веднаш да престанат”, пишува Дол.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO