Италијанските гиганти Интер и Милан потврдија дека имаат намера да работат заедно за да реализираат проект за заеднички модерен стадион. Многу е важно за двата клуба да имаат капацитет кој ги исполнува сите светски барања како ʺАлијанц Стејдиамʺ во Торино. Фудбалските тимови од Милан сметаат дека е најдобро да си го споделат стадионот, а не секој да си изгради нов. Формирана е заедничка група која ги анализира сите варијанти. Се разгледува и таква во која да биде реконструиран Сан Сиро. Интер и Милан се надеваат дека ќе ја завршат фазата на истражување до крајот на оваа година. Ова ќе им овозможи да продолжат со другите детали на проектот, бидејќи целта е да се заврши што е можно поскоро. Вчера претставниците на тимовите се сретнаа со градоначалникот на Милано, со кој имале плоден разговор на оваа тема.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO