Според косовскиот премиер Рамуш Харадинај би било добро претседателот Хашим Тачи „добро да размисли“ дали треба да продолжат преговорите со Србија, додека, како што рече, агендата на неговата држава зависи од расположението на другата страна.

Харадинај по денешната седница на Министерскиот совет за евроинтеграции, изјави за новинарите дека нема информации за тоа што ќе се дискутира денес во Брисел на средбата меѓу Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Имам впечаток дека дијалогот е многу важен за Европската унија и дека Косово се претставува како многу подложно. Би било многу лошо за едната страна, во случајот Косово и г-дин Тачи, да им се кажува дојдете за дијалог, но вашите граѓани нема да добијат визна либерализација. Тој треба сам да одлучи што да прави. Треба ли да одам на овие разговори. Треба ли да прифаќа секаква програма на негова страна во зависност од расположението на другата страна „, рече Харадинај.

Косовскиот премиер изјави дека внесените дополнителни 10% данок на увоз на српски производи во Косово се одговор на однесувањето на Белград кон државноста на Косово.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO