Исклучителен состанок со еврокомесарот Јоханес Хан, пишува еден од реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојевски на Фејсбук. Тоа тоj го пишува од Хелсинки каде се одржува Конгресот на Европската народна партија (ЕНП).

Хан по средбата со паралелната делегација од ВМРО-ДПМНЕ порача дека заканите кон пратениците кои гласале за уставните промени мора да престанат.

„Добра средба со македонските колеги Петар Богојески, Емилија Александрова, Никола Тодоров на самитот на ЕНП. Ја поздравувам нивната храброст за гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат за ЕУ агендата, која ја сака поголемиот дел од граѓаните“, напиша Хан на Твитер.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO