Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил „многу среќен“ како се одвиваат преговорите со Северна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров иако е откажан состанокот за тоа прашање во текот на оваа недела, наведувајќи дека не станува збор за нешто итно. Трамп додаде дека втората негова средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ќе биде одржана во почетокот на идната година, не прецизирајќи кога и каде. На првиот состанок одржан на 12 јуни во Сингапур Трамп и Ким се договорија за денуклеаризција, но посматрачите велат дека досега не бил направен поголем напредок.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO