Сите жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот на поранешниот премиер Никола Груевски се пристигнати во судот, потврдија од Кривичниот суд за МИА. Од судот информираат дека од утре тече рокот од три дена во кои Кривичниот совет треба да донесе одлука по жалбите.

Груевски денеска требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“. Вчера, собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања, по барање на судот, препорача да му биде одземен пратеничкиот мандат на Груевски. Конечната одлука треба да ја донесат пратениците на утрешната пленарна седница. За одземање на мандатот е потребно двотретинско мнозинство. Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот вреден 600 илјади евра.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO