Шефот на руската федерална безбедност Александар Бортников изјави дека биле спречени напади со беспилотни летала за време на Светското фудбалско првенство годинава во Русија. Тој не прецизира кои би можело да бидат „терористите“ или како биле спречени нивните обиди.

Во истовреме рускиот министер Владимир Колоколцев за новинската агенција Интерфакс изјави дека во текот на Светското фудбалско првенство биле спречени напади на седум „националистички хулигански групи“ врз странски навивачи, главно од Англија, Сенегал, Аргентина и Полска.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO