Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо е на мислење дека „бјанконерите“ требале да победат лесно против неговиот поранешен тим  Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Црвените Ѓаволи направија пресврт во Торино по головите на Хуан Мата и автогол на Алекс Сандро, откако Португалецот претходно го отвори резултатот со гол за „Старата дама“.

Голот од волеј на 33-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид беше неговиот прв гол во Лигата на шампионите оваа година. „Го гледав повторувањето во соблекувалната“, рече петкратниот добитник на Златната топка за Виасат. „Во прво време не сфатив дека тоа е фантастичен гол, но многу добро се придвижев кон топката и силно шутирав кон голот. Воодушевен сум од мојот погодок, но требаше лесно да победиме со три или четири гола „, додаде разочарано Роналдо.

„Јунајтед не создаде којзнае какви шанси, и двата гола паднаа од статични позиции, знам дека британските тимови заложуваат многу на статичните позиции. Ќе си земеме лекција од поразот – остануваме на врвот на групата, па затоа сме во добра позиција пред последните две натпревари „, заврши португалскиот стрелец. „Бјанконерите“ му гостуваат на Милан во следниот круг во италијанската Серија А.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO