Европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија, динамичната билатерална соработка меѓу двете земји на политички и економски план се темите на кои министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров разговара со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија Хајко Мсас на вториот ден од работната посета на Берлин.

Димитров повторно изрази благодарност за континуираната билатерална поддршка од Германија за спроведување на реформските процеси во Република Македонија, како и за значењето на Берлинскиот процес во овој контекст. Зборувајќи за внатрешната политичка ситуација, Димитров истакна дека и покрај предизвиците, „можностите за позитивен чекор напред се отворени за Република Македонија“, пренесува МКД.

Шефот на германската дипломатија Маас изрази задоволство од севкупниот напредок во Република Македонија, како и од процесот на прифаќање на Договорот од Преспа, истакнувајќи ја важноста од завршувањето на овој процес, што е предуслов за европските и евроатланските интеграции на земјата.

За време на работното посета во Берлин, како што информира Никола Димитров во интервју за „Велт“ и „Тагесшпигел“, освен процесот на интеграција на Република Македонија и Договорот од Преспа, била разгледана и улогата на Сојузна Република Германија во Југоисточна Европа.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO