Коалициските партнери Зоран Заев и Али Ахмети ќе разговараат на темата за консензуален претседател на Македонија по завршувањето на уставните процедури за Договорот од Преспа.. Во втората половина на јануари би требало да се знае дали Заев и Ахмети ќе се договорат дали заедно ќе застанат зад еден кандидат за претседател на изборите кои треба да се одржат во април следната година.

Висок државен претставник  изјавил за Плусинфо дека се уште е премногу рано за тоа.

„Пред да завршат уставните процедури не е сериозно да размислуваме воопшто за еден консензуален претседател“, кажал тој.

И висок претставник на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Ахмети рече дека консензуалните кандидати за претседател ќе бидат разгледувани од Ахмети и Заев сериозно откако уставната процедура во парламентот заврши.

Меѓутоа, тој додаде, дека ова прашање било неколку пати предмет на средбите меѓу Ахмети и Заев.

„Заедно со СДСМ ние вмесуваме консензуален концепт уште со соработката на локалните избори минатата година. Принципот на консензус е важен. Важно е кандидатот за претседател да е прифатлив за сите, надпартиски, а етничкото потекло е на второ место „, рече претставникот на ДУИ.

Пред година висок владин функционер од СДСМ информира дека позитивно гледа на идејата за консензуален кандидат за претседател. Тогаш позицијата беше дека името на кандидатот за шеф на државата е поважно од гледна точка на прифатливост на мнозинството граѓани, односно кандидатот да е прифатлив за повеќе од 50% од граѓаните. За тоа дека, кандидатот за кој најверојатно ќе се согласиме да биде победник на изборите, новиот шеф на државата.

На последните локални избори Ахмети исто ја бранеше идејата за консензуален кандидат за претседателската функција.

Вчера пред ТВ Клан Македонија Ахмети рече дека ДУИ сака консензуален претседател и веќе може да се зборува и за имиња, но се уште било рано.

процедури за Договорот од Преспа.. Во втората половина на јануари би требало да се знае дали Заев и Ахмети ќе се договорат дали заедно ќе застанат зад еден кандидат за претседател на изборите кои треба да се одржат во април следната година.

Висок државен претставник  изјавил за Плусинфо дека се уште е премногу рано за тоа.

„Пред да завршат уставните процедури не е сериозно да размислуваме воопшто за еден консензуален претседател“, кажал тој.

И висок претставник на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Ахмети рече дека консензуалните кандидати за претседател ќе бидат разгледувани од Ахмети и Заев сериозно откако уставната процедура во парламентот заврши.

Меѓутоа, тој додаде, дека ова прашање било неколку пати предмет на средбите меѓу Ахмети и Заев.

„Заедно со СДСМ ние вмесуваме консензуален концепт уште со соработката на локалните избори минатата година. Принципот на консензус е важен. Важно е кандидатот за претседател да е прифатлив за сите, надпартиски, а етничкото потекло е на второ место „, рече претставникот на ДУИ.

Пред година висок владин функционер од СДСМ информира дека позитивно гледа на идејата за консензуален кандидат за претседател. Тогаш позицијата беше дека името на кандидатот за шеф на државата е поважно од гледна точка на прифатливост на мнозинството граѓани, односно кандидатот да е прифатлив за повеќе од 50% од граѓаните. За тоа дека, кандидатот за кој најверојатно ќе се согласиме да биде победник на изборите, новиот шеф на државата.

На последните локални избори Ахмети исто ја бранеше идејата за консензуален кандидат за претседателската функција.

Вчера пред ТВ Клан Македонија Ахмети рече дека ДУИ сака консензуален претседател и веќе може да се зборува и за имиња, но се уште било рано.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO