Премиерот на Македонија, Зоран Заев најави дека до крајот на годината може да има смена на некои министри.

За целосна реконструкција, кажа тој, во моментов не размислуваат рри такви сериозни парламентарни процеси.

„Ако некој министер не се јавува рамо до рамо со владата, логично е Владата да седне, да помисли тоа да се промени. Тоа е редот на нештата. Се разбира, разговараме со коалициските партнери кои ја делат одговорноста со нас, како и во делот на другите ресори „, рече Заев, цитиран од Плусинфо.

Медиумите веќе подолго време пишуваат дека вицепремиерот за рамковниот договор Хазби Лика, од околу половина година само од време на време се појавува на работното место, не присуствува на седниците на Владата, а и за првпат од потпишувањето на Рамковниот договор вицепремиерот, кој е одговорен за него, не беше домаќин на настанот организиран по повод годишнината од потпишувањето.

Неофицијалната информација е дека Лика ја „бојкотира“ работата во владата поради несогласување со лидерот на ДУИ Али Ахмети за одредени кадровски решенија кои не се прифатени.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO