Д-р Милен Врабевски претставува студиска верзија на песната „Yesterdays That Mattered“, чија премиера во акустична варијанта се одржа порано во текот на годината на Z-Rock радио.

Во финалната верзија на песната која ќе биде дел од претстојниот четврти албум на Intelligent Music Sorcery Inside, учествуваат вокалистот Carl Sentance од Nazareth и Joseph Williams од TOTO, бекинг пејачи се Бугарите Боби Косатката и Лина Никол. Големата ѕвезда повторно е легендарниот тапанар Simon Phillips кој привлекол во all-star проектот уште талентирани светски музичари.

Jesse Siebenberg кој одговара за гитарата, е син на оригиналниот тапанар на Supertramp, Bob Siebenberg. Jesse свирел со Supertramp, Lady Gaga, Kenny Loggins. Во записите на новиот албум на д-р Врабевски свири уште Dave Palmer (киjборд), работел со Fleetwood Mac, Seal, Chris Isaak и Fiona Apple. Ернест Тиббс го надополнува тимот на ѕвездите. Во новите песни звучи и прекрасната гитара на Бисер Иванов.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO