Грчкиот европратеник од СИРИЗА Стелиос Кулоглу е на мислење дека Договорот од Преспа без сомнение ќе помине во Грција и дека документот заслужува меѓународно признание, на пример како Нобелова награда за мир.

Пред МИА Кулоглу рече дека грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев покажаа политичка храброст, тоа треба да добие признание на меѓународно ниво.

„Ако зборувате со кого и да е во Европскиот парламент, од левицата или од десницата, ќе ви го каже истото. Дека е фундаментален договор за стабилноста и мирот на Западен Балкан и во голема мера ќе придонесе за стабилноста во цела Европа. Не само тоа, туку и модел за решавање на спорови кои можат да се повторат во други конфликти „.

Според Кулоглу во грчкиот парламент е обезбедено апсолутно мнозинство за поддршка на договорот, вклучувајќи и со поддршата на пратеници од националистичката партија и коалиционен партнер на СИРИЗА – АНЕЛ, и покрај позициите на нејзиниот лидер Панос Каменос.

Грчкиот европратеник препорача на македонските парламентарци, кои се против Договорот од Преспа, да обрнат внимание на националистичките гласови во Грција, кои се противат на договорот, и додаде дека идејата за подобар договор во иднина е смешна.

Според Кулоглу Договорот од Преспа е признание и од двете страни на грешките од минатото во спорот за името и е конечна можност да се гледа кон иднината, наместо кон минатото и симболите.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO