Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли оцени дека одлуката на владата на Косово за воведување мерки на увозот на стоки од Србија и Босна и Херцеговина претставуваат примена на реципроцитет во односите и порака до Србија да сфати дека за секое негативно однесување ќе плати цена.

„Подолго време посочувам на скандалозното однесување на српската дипломатија, односно на пропагандата и лажните вести на недемократскиот режим во Србија“, наведува Пацоли на Фекјсбук. Претходно косовската влада донесе одлука за воведување такси од 10 насто за увоз на стоки од Србија и БиХ. Европската унија побара објаснување за оваа мерка.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO