Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да ги почитува обновените американски санкции врз Иран и откако ќе истече рокот од шест месец што Вашингтон им го даде на некои земји да се прилагодат на овие санкции. „Овие чекори се со цел да направат небалансиран свет. Не сакаме да живееме во империјалистички свет“, рече Ердоган во Анкара, наведувајќи дека Турција од Иран купува 10 милијарди кубни метри гас.

„Не можеме да ги оставиме нашите луѓе да мрзнат“, изјави Ердоган. Вашингтон на 5 ноември повторно воведе санкции откако се откажа од нуклеарниот договор постигнат во 2015 година меѓу Иран и светските сили.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO