Промената на Преамбулата на прв поглед изгледа ситна, но е многу значајна. Владата сака да го одбегне манифестот на АСНОМ кој е проблематичен за Грција. Сегашните предлагачи на уставните измени сакаат одлуките на АСНОМ да ги заменат со проглас, освен Манифестот кој не фигурира во прогласот. Манифестот на АСНОМ повикува на обединување, рече професорот по уставно право Светомир Шкариќ на телевизија Телма.

„Очигледно е дека станува збор за политички договор со вментување на Охридскиот рамковен договор во Преамбулата. Ако Охридскиот рамковен договор биде вметнат во Преамбулата, Македонија може да добие на стабилност. Во Договорот се гарантира унитарност на државата. Охридскиот рамковен договор не е целосно преточен во Уставот. Ако Рамковниот договор стане уставна категорија преку Преамбулата, тогаш Уставниот суд може полесно да одлучува. Менувањето на Преамбулата е политичка одлука. Јас бев критичар на Рамковниот договор, но денес го гледам многу пошироко“, рече уште Шкариќ и додаде дека целиот договор со Грција е правен поради едно прашање, Република Македонија да рефлектира само на едно географско подрачје.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO