Малолетниците кои повеќе од еден час, секојдневно користат електронски уреди, како што се паметни телефони, може да се соочат со големи психолошки проблеми, тврдат американски научници кои го испитувале влијанието на електронските уреди врз менталното здравје на децата на возраст под 18 години, соопшти научното списание „Preventive Medicine Reports”.

Во текот на научната студија родителите биле замолени да одговорат на неколку прашања за да го проценат здравјето на нивните деца. Тие требало да одговараат на повеќе прашања во врска со однесувањето на нивните деца, нивната емоционална состојба и времето поминато пред телефонскиот екран. Резултатите покажале дека еден час дневно пред екранот на телефонот е доволно да го влоши менталното здравје на детето. Особено овие промени се манифестирале со пад на љубопитноста, самоконтролата и емоционалната стабилност. Покрај тоа, овие деца имале повеќе проблеми да комуницираат со своите пријатели и да склопуваат нови пријателства.

Покрај тоа, тинејџерите помеѓу 14 и 17 години, кои со телефон поминуваат повеќе од седум часа дневно, биле поподложни на депресија отколку нивните пријатели кои ги користеле телефоните само еден час. Научниците, исто така, утврдиле дека тинејџерите се почувствителни на негативните ефекти на електронските уреди отколку помладите деца.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO