Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, смета дека предлогот на македонската Влада за уставни амандмани го прави „уште полош и онака лошиот Договор од Преспа“ и паралелно бара од грчката Влада да излезе со став дали се согласува или не со предлогот на македонскиот премиер Зоран Заев, јави МИА од Атина.

„Предлогот на Заев за ревизија на Уставот на соседната земја го прави уште полош и така лошиот Договор од Преспа. Го задржува членот 36 што не само што го одржува, туку и го поттикнува иредентизмот. Исто така, го потврдува инсистирањето на Скопје за постоење на наводна „македонска нација“. Иако владата го тврди спротивното, треба веднаш да ја разјасни нејзината позиција. Се согласува или не со содржината на предлогот на Заев“, вели Јоргос Кумуцакос.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO