Името Адолф во Австрија скоро во потполност исчезнува, покажале статистички податоци. Истражувањето, поради излегувањето на новиот филм „Име“, во кој брачен пар сака да го крсти своето дете Адолф, покажало дека името станало непосакувано во Австрија. Пред 70 години, тоа било на листи за најомилени имиња.

Минатата година ниту едно дете не било крстено Адолф. Тоа име ги потсетувало луѓето на Адолф Хитлер, кој е роден во австријското место Браунау на Ин.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO