Непоставениот Русин Карен Хачанов го победи изненадувачки, но целосно заслужено новиот светски број 1 кај мажите Новак Ѓоковиќ во финалето во Париз со 7-5, 6-4 за околу еден час и 40 минути игра. 22-годишниот тенисер прв пат е на турнир од Мастерс 1000 и ја запре серијата од 22 последователни победи на србинот. Тоа е трет тенисер кој ја освојува својата дебитантска титула на турнир од сериите Мастерс 1000 оваа сезона по Хуан Мартин дел Потро во Индијан Велс и Џон Иснер во Мајами.

Дуелот започна подобро за фаворитот Ѓоковиќ, кој го освои сервисот на Хачанов и поведе со 3: 1. Но, во следниот гем, талентираниот Русин го казни 31-годишниот тенисер и го врати брејкот. Следеа неколку гема во кои печелеа тие што сервираа, пред притисокот врз  сервисот на Србинот да го каже последниот збор во 11-тиот гем. Тогаш Хачанов направи брејк за 6-5, со што успешно го затвори првиот сет.

Во вториот сет, Русите продолжија да доминира во играта од основната линија, а Србинот беше видливо уморен по вчерашната битка со Роже Федерер. Нов брејк на почетокот на сетот беше доволен за Хачанов и по 6-4 ликуваше за својот прв голем трофеј во кариерата.

За русинот ова е трета титула оваа година, откако прво триумфираше во Монпелје и неодамна во Москва. Серијата на Ѓоковиќ од четири последователно освоени турнири заврши. За новиот број 1 во светот претстои учество на завршниот Мастерс во Лондон меѓу 11-18 ноември, додека Хачанов ја завршува сезоната на извонреден начин и е исполнет со самодоверба за почетокот на новата сезона во 2019 година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO