Со воведувањето на праведен, прогресивен данок во Македонија ќе се обезбедат дополнителни средства за воведување на минимален гарантиран приход. Со ова, најдоходовните граѓани ќе им помогнат на ранливите категории на граѓани, пишуват во денешното соопштение од Министерството за финансии.

Најдоховните еден отсто граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите граѓани. Затоа, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани.

„Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10 отсто како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8 отсто“, соопшти уште Министерството за финансии.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO