Мајкл Џексон го надмина Елвис Присли на листата на магазинот Форбс на најпрофитабилните мртви ѕвезди, соопштува „Контакт мјузик“. Само во текот на последните 12 месеци, приходите од продажба на предмети поврзани со кралот на попот надминаа 300 милиони фунти. Тоа значи дека Мајкл Џексон „заработил“ 1,8 милијарди фунти по неговата смрт пред 12 години.

Починатиот пејач ја предводи класацијата на Форбс шеста година по ред. На второ место е Кралот на рокенролот Елвис Присли со приходи од 31 милион фунти.

Во првите тројка, легендарниот голф играч Арнолд Палмер со 27 милиони фунти. На четврто место е за карикатуристот Чарлс Шулц, а на петтото место остана реге иконата Боб Марли соодветно со приходи од 26 и 18 милиони фунти. Меѓу најплатените мртви ѕвезди на листата се најдоа и имињата на Принс – 10 милиони фунти, а покојниот Џон Ленон со 9 милиони фунти.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO