Гледаме повторно откажување од катарзисот

Владата на Република Македонија предложи „Текст на нацрт-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија“. Со него се покажува по којзнае кој пат дека Република Македонија нема волја да излезе од филозофијата на Поранешната jугословенска република.  Како млада девојка владата се оправдува дека со предложените амандмани ги задоволува барањата на соседна земја, а не ја бара сопствената афирмација како модерна држава, која има легитимно право да изгради свој национален идентитет.

Спорниот член 49 од Уставот на Република Македонија се заменува со АМАНДМАН XXXVI.

ʺРепубликата го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.

Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.

Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.“

Секоја држава е должна да ги заштитува своите граѓани, каде и да се наоѓаат во светот. Но ако низ вековите (или милениумите) постоел македонски народ, кој што имал свое македонско културно наследство, тогаш зошто државата треба да го менува своето име? Тоа навистина би било капитулација. Ако горенаведените претпоставки се вистинити, нема ништо пологично од тоа државата на македонскиот народ да се нарекува просто Република Македонија!

За секој кој верува во постоењето на вековно македонско културно наследство, протестот против амандманите е целосно легитимен! Дури целта да е влегувањето на земјата во ЕУ и во НАТО. Ако влезеш во овие организации со такво самопонижување, тогаш навистина нема како да станеш нивен полноправен член!

Тоа што македонската влада не сака, или не може да го објасни на својот народ е дека вековно македонско културно наследство не постоело!

Во текот на вековите немало македонски народ!

Тоа по никаков начин не ги навредува модерните Македонци! Во последните сто години во светот се појавија десетици народи. Секој народ бил формиран во некакви историски услови! Македонскиот народ не е исклучок. Тој се формирал во рамките на Народна, подоцна Социјалистичка Република Македонија,  коjа што меѓутоа била дел од Федеративна Република Југославија. Се разбира процесите на осознавање на Македонците како заедница со своја одделна судбина се појавиле  порано. И покрај тоа што, мнозинството од жителите на Македониjа  активно учествуваат во бугарската Преродба и во претворањето на Бугарите од небулозен етнос без историска памет во модерна нација, неуспехот на модерната Бугарска држава да ја ослободи Македонија и неможността барем да се дојде до формирање на автономија со „бугарска боја“, неизбежно го отуѓува населението од бугарската кауза. Иако во текот на Втората светска војна бугарската администрација ја претпазува Македонија од директна нацистичко-балистка окупација и спасува многу животи, не сите бугарски службеници се држеле на примерен начин. По војната, Македонците ги имаат сите услови да побараат своја државност. Проблемот е дека враќањето на Македонија кон Југославија бива легитимирано преку брутално фалсификување на историјата.

По 1991 немаше да има проблем за името, ако новоослободената земја пристапеше кон објективизација на историјата. Предложените амандмани не покажуваат подготвеност за таков катарзис и денес.

Продолжувајќи со мантрата за „историското и културното наследство на македонскиот народ“, владата ги остава главните спорни прашања нерешени.

Кога  и како е формиран македонскиот народ и кое е неговото културно наследство?

Во времето на Југославија се тврдеше дека некакви словенски племиња дошле од Карпатите и станале Македонци. Но тогаш таа територија не се викала Македонија. Во „Темниот век“ Словени се населиле по целата територија од Алпите до Црното Море. Како и кога се оформиле „македонските“ словени? За разлика од Бугарија, Србија или Хрватска, во средниот век не постоела Македонска држава, споменот за која да оживеал во утробата на Отоманската империја. Ниту имало културна традиција позната како „македонска“?

Неуспехот на „југо-македонската“ теорија во 80-тите години на 20 век ја роди и т.н. Антиквизација. Македонците постоеле од најдлабоката древност. Александар Велики бил нивен цар. Ѕвездата од Виргина, која никој не беше ја видел до 70-тите години на 20 век стана „традиционален“ симбол на македонскиот народ. Но токму Антиквизацијата и даде оправдување на Грција да настојува Македонија да го смени името. За да се направи разлика помеѓу Македонија на Филип и Александар, на Птоломеј Клаудиј, на  Македонците, за кои пишува апостол Павле и тие во современата Република Македонија. Со Амандманот се покажува дека владата не се обврзува  такво разграничување.

Третата, „најскромна“ теорија за божемното небугарско потекло на Македонците се базира на т.н. „македонисти“  од 19 век, кои тврделе дека не се Бугари, а Македонци. Но за разлика од македонските Бугари тие не се само-организираат, не откриваат цркви и училишта, не предлагаат никаков национален проект. Повеќето од нив клонат кон Патријаршијата … Не тие формираат револуционерна организација, не тие го креваат Илинденското востание! Како и да погледнеме, тие не оставиле никакво културно наследство!

Со Аманданот: „Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ што живеат во странство“,  Скопје упатува директен предизвик кон соседните земји! Ако по силата на Македонскиот устав, граѓаните на земјата се делат на „припадници на македонскиот народ и малцинства“,  според бугарскиот устав сите граѓани независно од нивното културно наследство, се дел од бугарскиот народ. Никакви делови од никакви други народи не живеат на територијата на Бугарија! И макар што милиони луѓе со „бугарско потекло“ живеат надвор од Бугарија, ниту еден бугарски политичар не си дозволил да каже дека „дел од бугарскиот народ“ живее во странство. Ако во Скопје веруваат дека дел од нивниот народ живее зад граница, како тогаш ʺРепубликата притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“?

Ако Република Македонија ќе се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство, значи ли тоа дека ќе даваат морална и материјална поддршка на лица и организации кои го оспоруваат бугарскиот уставен поредок? Во изминатите децении немаше меѓународен форум на кој лица поддржани од Македонија да не ја обвинуваа бугарската уставна рамка за „недемократичност“, бидејќи не дозволува формирање на етнички партии на етничка или верска основа. Тоа се разбира не е бугарски изум. Таквите принципи се основа на уставниот поредок на утврдените демократии, како што се Обединетото Кралство, Франција и Германија.

Аманданите се уште еден доказ дека Република Македонија нема сила за надминување на југословенското мисловно наследство. Ова ја обречува младата нација на нови и нови неуспеси! Ја обрекува на конфликти со соседите и на жестоки внатрешни поделби.

Катарзисот е неопходен, не за да и се угоди на посилна надворешна држава, како што прават сегашните амандмани. Катарзисот е неопходен за самиот македонски народ, за да се открие себе си и да си го најде своето место во светот!

Бугарија е должна да го поддржи брзото присоединување на Македонија во НАТО. Само тоа може да ја гарантира независноста и територијалниот интегритет на земјата. Но од сега на Скопје треба да му биде даден знак дека без катарзис, без релативизирање на југословенското наследство, членството на Македонија во ЕУ нема како да се случи!

––––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO