Актуелниот шампион во НБА Голден Стејт Вориорс забележа седми последователен успех во првенството, победувајќи го Минесота Тимбервулвс со 116: 99 на домашен терен во Окленд.

Кевин Дурант се истакна со дабл-дабл – 33 поени и 13 скока, а Стеф Кари заврши со 28 поени, 9 скока и 7 асистенции. За Минесота Ендрју Вигинс забележа 22 поени, додека Карл Ентони-Таунс – 13 поени и 11 скока.

„Воините“ се лидери во Западната конференција со девет победи во десет средби, а Минесота со четири успеха од девет натпревари се 11-ти на Западот.

Други резултати:

Орландо – Лос Анџелес Клиперс 95: 120

Бруклин – Хјустон 111: 119

Вашингтон – Оклахома 111: 134

Чикаго – Индијана 105: 107

Далас – Њујорк 106: 118

Јута – Мемфис 100: 110

Феникс – Торонто 98: 107.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO