На 1 ноември Бугарија го слави Денот на народните будители.

За прв пат Денот на народни будители – 1 ноември, беше прославен во Пловдив во 1909 година. Дотогаш на тој датум беше прославуван денот на Свети Иван Рилски (стариот стил).

Во 1922 година, Националното собрание го објави овој ден како празник за сите „заслужни Бугари“.

Далеку пред официјалното прогласување на овој празник со закон, бугарскиот народ ги почитува своите будители и ги канонизира како светци во својата историска памет. Првпат беше прославен во Пловдив во 1909 година, а од 1922 до 1945 година беше национален празник.

Неверојатен е фактот дека првиот закон на новоослободената бугарска држава е законот за задолжително универзално основно образование и дека 9 години пред ослободувањето на Бугарија во 1869 година се создава Книжевно друштво кое става почетокот на Бугарската академија на науките.

На овој ден Бугарија го призна делото на безброј народни будители кои ја создадоа Бугарската национална преродба.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO