Опис: Брошурата „Како пишуваа нашите народни будител и херои“ е издадена од Македонската патриотска организација во 1956 година во Индијанаполис, САД. Авторот не е наведен, но се знае дека тоа е Иван Михајлов – последниот лидер на ВМРО. Мистеријата околу книшката не е случајна – првите 2 изданија дури се испечатени на хартија за цигари. Причината за тоа е дека во комбинација со малиот формат на брошурата таа полесно можела да се свитка, крие, свива како инка, става во џебовите и слично, нешта кои го олеснуваат нејзиното внесување во комунистичка Македонија, дел од Југославија. Се разбира, книгата е забранета од србо-македонистите – во неа Иван Михајлов ги разобличава македонистичките напори за создавање на нов србизиран македонски јазик и писменост наведувајќи на каков јазик пишувале македонските будители и херои – преродбеници и револуционери.

Извор: скенирана од оригинален примерок

Автор: Иван (Ванчо, Ванчо) Михајлов Гаврилов (1896-1990, Рим, Италија) е легендарен бугарски револуционер, последниот долгогодишен лидер на ВМРО.

За повеќе информации за авторот тука

За да ја прочитате книгата кликнете овде

Извор: Библиотека Струмски

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO