Со зимскиот распоред на летање што стапи во сила на Меѓународниот аеродром Скопје функционираат 37 редовни авиолинии до 35 дестинации што се опслужени од 13 авиокомпании, информираа МИА. Најновата дестинација додадена во распоредот на скопскиот аеродром е редовниот лет од Атина до Скопје, со кој од утре ќе оперира „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines).

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ има летови до: Братислава, Брисел (Шарлероа), Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт (Хан), Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Хановер, Малме, Малта, Милано (Малпенса), Минхен (Меминген), Нирнберг, Осло (Сандефјорд), Париз (Бувоа), Рим, Стокхолм (Скавста), Венеција (Тревизо) и Лондон (Лутон).

„Катар ервејс“ оперира до Доха, „Флајдубаи“ до Дубаи, Истанбул е опслужуван од „Туркиш ерлајнс“ кои летаат до „Ататурк“, и „Пегасус ерлајнс“ што летаат до „Сабиха Гокчен“. „Адриа ервејс“ лета до Љубљана, „Аустриан“ до Виена, „ЛОТ Полиш“ до Варшава, „Кроација“ до Загреб, Ер Србија до Белград, додека „Еделвајс“ и „Германија флуг“ го опслужуваат Цирих.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO